Новиот даночен систем, радикална промена или многу врева за ништо – анализа во Студио 1 со Бранимир Јовановиќ, Марјан Петревски и Павле Гацов

Новиот даночен систем, радикална промена или многу врева за ништо – анализа во Студио 1 со Бранимир Јовановиќ, Марјан Петревски и Павле Гацов
7.11.18   09:34

Прочитано : 311

Print This Article
loading...

Новиот пакет на даночни мерки ја зовре и економската сцена во државава. Бизнисите особено реагираат на зголемувањето на ДДВ-то и промената од пропорционален на прогресивен данок. За ова во отвореното Студио 1 разговараат Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии, професорот Марјан Петревски и Павле Гацов, даночен експерт.

Според Гацов, ова не е целосно реструктурирање на даночниот систем, но се менува концептот на персоналниот данок. Тој потсетува дека станува збор за изборно ветување на владата, но додава и дека владата ја образложила математиката и сега бизнис секторот треба да изврши влијание за да го подобри законот. Смета дека ситуацијата е слична како кога се крена врева околу воведувањето на ДДВ на поранешниот премиер Груевски.

-Дискусиите одат во насока дека ова ќе значи зголемен товар врз бизнисот, иако мерките, позициите и бројките се далеку послаби од аспект на тоа колку треба да придонесе ваквата замена на персоналното оданочување во буџетот. Математиката од 25 милиони евра покажува дека не треба толкава драма како што сега се покажува во јавноста. Но мислам дека предлагачите испуштаат да ги елаборираат деталите, на пример, оданочувањето на капитал. Тука има посериозен товар во однос на претходните решенија. Кај платата малку луѓе ќе зафати прогресијата и тоа од политички аспект ќе биде евтина цена, вели Гацов.

Петров смета дека е потребно реформата да се пролонгира, затоа што е инстантно решение без дефинирани контури. Сепак, напоменува, дека во законот се внесени две работи што провејувале во јавната дебата.

-Јавната дебата прво велеше дека границата од 40.000 или 60.000 е многу ниска, затоа што ќе зафати еден продуктивен сегмент од населението кој остварува само доход од труд во ИТ секторот, осигурување, финансии. На тој аргумент гледаме дека имаме одговор, границата е поставена 50% повисоко, на 90.000. Вториот аспект е за што ќе се троши вишокот пари, затоа што граѓаните имаат изгубено доверба во системот и институциите. Само со адекватно врзување на вишокот прибрани пари со одредени мерки кои ќе им помогнат на најсиромашните сегменти од населението, само тогаш данокот ќе зафаќа од најбогатите и ќе ги носи средствата за најсиромашните, рече Петров и додаде дека тие средства било речено дека ќе послужат за гарантиран минимален доход.

За Јовановиќ, клучна е пораката што се праќа со реформата – дека сакаме да го замениме неправедниот даночен систем.

-Сакаме да пратиме јасна порака дека сакаме да ја корегираме оваа неправда. Втората порака е дека Македонија Македонија како држава има многу мал јавен сектор, со најниски буџетски приходи во Европа, од околу 30%. Ние немаме доволно пари за да нудиме квалитетни јавни добра и услуги – здравство, образование и слично. За да најдеме повеќе пари, мора да ги зголемиме буџетските приходи, а даночењето на тие што заработуваат повеќе е најдобар начин. Ако ги видите реакциите на граѓаните, кај нив нема отпор кон оваа реформа, вели тој.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

loading...
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести