Нови 30 дена притвор за ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски

Нови 30 дена притвор за ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски
15.04.19   11:44

Прочитано : 286

Print This Article
Кривичниот совет на скопска единица по барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција му го продолжи 30-дневниот притвор на Тони Јакимовски – поранешниот шеф на кабинетот на ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, кој е осомничен за проневера на пари во тајната полиција, пренесе „Макфакс“.

Јакимовски е осомничен заедно со уште две лица, вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање кои исто така добија нови 30 дена притвор. Судот определил и една мерка.

Според обвинителството, во периодот од јануари 2007 година до мај 2017 година осомничените, како службени лица во УБК, со неизвршување на службените должности постапиле спротивно на Упатството за користење средства за посебна намена на УБК.

Осомничените во 172 наврати подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата -„главните книги за евиденција“ ги уништувале, без посебно одобрение од директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција. Со ваквите дејствија предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 50.670.000 денари или приближно 823 илјади евра.

  Категории: