Нова јога: Со пцуење, викање и пиење пиво до рамнотежа

Нова јога: Со пцуење, викање и пиење пиво до рамнотежа
14.05.19   16:20

Прочитано : 286

Print This Article

Јогата е медитативна, смирувачка, релаксирачка вежба која Ве подготвува за целиот ден, но сега тоа е можно и со поинакви, малку порадикални методи.

Се работи за новиот правец именуван „бесна јога“ (rage yoga), основан од инструкторката Линдзи Истас. Оваа пракса, покрај истегнувањето и позиционите вежби, вклучува и лош хумор, пцуење и пиење пиво, што води до „зен-состојбата“.

– Тоа е повеќе од вежба, „Бесната јога“ е стил на живот, истакна Линдзи.

Ешли Дузиќ од Хјустон, САД, која исто така е инструкторка на „бесна јога”, нагласува дека луѓето треба „да се ослободат од сè она што е непотребно и вишок“.

– А, тоа не доаѓа само со смирување, медитација и тишина, како што многумина мислат, вели Ешли.

Таа смета дека овој метод овозможува ослободување од гневот и фрустрациите целосно, темелно на здрав начин.

  Категории: