НОВА: Груевски во 2012 се одмарал на Сејшелите (видео)

НОВА: Груевски во 2012 се одмарал на Сејшелите (видео)
16.11.18   21:29

Прочитано : 1,779

Print This Article

Порталот Нова објави видео снимки добиена од анонимен дојавувач како илустрација за, како што се наведува во пораката, демагогијата на поранешниот премиер кој на јавноста и се претставуваше како скромен човек посветен на работата за доброто на државата.

Неговото бегство овие денови ја отвори и дилемата за неговата имотна состојба која е се уште непозната за јавноста. Државните институции во изминатиот период направија низа на пропусти меѓу кои и таа да воспостават контрола и увид во имотната состојба на поранешниот премиер обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои и такви кои укажуваат на сомневања за нелегално стекнување на финансиски капитал.

Неговото бегство во Унгарија е сериозна индиција дека Груевски располага со суми на пари кои ги надминуваат праговите на легално стекнат капитал од редовни примања на еден премиер.

Овој видео материјал е снимен во 2012 година кога Никола Груевски тогаш премиер на Р. Македонија престојувал на егзотичните Сејшели сместен во хотелски комплекс каде што според нашите сознанија едно ноќевање чини повеќе илјади долари.

  Категории: