Нова демократија води пред СИРИЗА – Мицотакис бара оставка од Ципрас

Нова демократија води пред СИРИЗА – Мицотакис бара оставка од Ципрас
26.05.19   22:28

Прочитано : 455

Print This Article
siriza

Опозициската Нова демократија води на европските избори во Грција, со 9 проценти предност во однос на владејачката СИРИЗА, според првичните официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, заклучно со 22 часот по локално време.

Според досега преброените гласови, Нова демократија има 32,08 проценти, СИРИЗА 24  проценти, Движење на промена 7,8 проценти, Комунистичка партија на Грција 5,5 проценти, Златна зора 4,9 проценти, Грчко решение (Велопулос) 4,01 процент, Мера25 (Варуфакис) 2,9 проценти, додека останати партии освоиле 17,86 проценти.

Според овие резултати, седум партии добиваат свои претставници во Европскиот Парламент.

Излезноста на евроизборите според досегашните податоци било 56,50 отсто.

 -Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Премиерот мора да ја преземе неговата одговорност, за доброто на земјата треба да си даде оставка, а земјата да оди на национални избори колку е можно побргу. Ова на крај е единственото чисто решение. Грција не може да чека повеќе не може континуирано да отстапува, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кусо откако беа соопштени првичните резултати од европските и локалните избори, според кои неговата партија има сигурна предност во однос на СИРИЗА.
  Категории:
view more articles

Актуелно