Нова демократија: Ако Ципрас се плаши, Коѕијас да го објави писмото со неговата оставка

Нова демократија: Ако Ципрас се плаши, Коѕијас да го објави писмото со неговата оставка
23.10.18   12:35

Прочитано : 109

Print This Article
loading...

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, и денес преку соопштение бара грчката влада да го објави писмото со оставката на Никос Коѕијас и вели дека ако Ципрас се плаши, тогаш тоа должен е да го стори поранешниот министер за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Поминаа 6 дена од отстранувањето на Коѕијас и граѓаните и понатаму следат една влада во распаѓање со министри кои што меѓусебно се обвинуваат и меѓусебно се напаѓаат. Дописот со оставката на еден министер не е лично и тајно писменце . Треба да се објави во јавноста. Ако господинот Ципрас се плаши, должен е господинот Коѕијас да го стори тоа, пишува во соопштението од Нова демократија.

Како што објави МИА минатата седмица, самиот Никос Коѕијас откри дека до грчкиот премиер детално, на 9 страници ги објаснил причините за неговата оставка, додека пак Алексис Ципрас, во петокот, од Брисел рече дека писмото од Коѕијас било со назнака „строго лично“ и истакна дека нема навика да објавува во јавност строго доверливи дописи, па затоа нема ни сега да го стори тоа.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести