Нов број на публикацијата на ССНМ – Новинарството како јавно добро

Нов број на публикацијата на ССНМ – Новинарството како јавно добро

 

Излезе единаесеттиот број на публикацијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – Новинарството како јавно добро.

Во овој број на публикацијата ја обработуваме темата „Законски регулативи за борба против дезинформациите – компаративни искуства“. Во главниот текст со наслов „Кампања е кампања – закон е закон“ чиј автор е Марјан Танушевски направена е споредбена анализа на правната регулатива во борбата против дезинформациите во Германија и Франција.

Во овој број ќе читате:

– ЕФЈ ги повика владите да стават крај на неказнивоста на нападите врз новинарите (Меѓународен ден за прекин на неказнивоста на злосторствата врз новинарите)

– Прекинување на молкот: Новинарките во борба против малтретирањето на работното место

– Да се биде новинарка во Европа

– Непрофитните медиуми треба се повеќе да се вртат кон големите донатори
и други текстови и анализи.

Целата публикација е достапна на линкот: https://bit.ly/37jKdE8