Норвешка/Ковид19: Ширењето на вирусот е под контрола

Норвешка/Ковид19: Ширењето на вирусот е под контрола

Најновите податоци на властите во Осло покажуваат дека во Норвешка, секое заразено лице веројатно го пренесува вирусот на 0,7 други во просек, а пред воведувањето мерки за ограничување на движењето и контакти тој број бил 2,5.

Норвешката Влада го стави под контрола ширењето на Ковид-19, објави министерот за здравство на земјата Бент Холе, но истакна дека е премногу рано да се укинат  мерките.

-Тоа значи дека епидемијата на новиот коронавирус е ставена под контрола, рече Холе.

Норвешка досега регистрираше 5.755 случаи на заразени со Ковид-19 и 59 починти.

Земјата воведе строги мерки кон средината на март, ги затвори своите граници за странците, а Норвежаните кои се враќаа од странство мораа да одат во 14-дневен карантин.

Училиштата, градинките, црквите, универзитетите и другите институции се затворени.