Николовски: Изјавата доби друг контекст, ставот за Јанчев не е личен

Николовски: Изјавата доби друг контекст, ставот за Јанчев не е личен
23.10.18   19:25

Прочитано : 1,045

Print This Article
loading...
loading...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вечерва изјави дека Централниот комитет го разрешила потпретседателот на партијата Митко Јанчев поради несогласување со политиките на партијата, ставовите на партијата и нивно неследење.

За жал, рече тој, можеби поради тоа  што лошо се изразил или лошо била пренесена, изјавата добила друг контекст, односно се поврзува со обвинувања за поткуп. Во изјава за медиумите пред почетокот на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на 23 Октомври, тој не прецизираше дали е тоа јавно извинување кон Јанчев, кој денеска тоа го побара од него. Рече тоа не се негови лични ставови, туку заклучоци на Централниот комитет што тој имал задача да ги пренесе.

Јанчев денеска побара јавно извинување од Мицкоски и Николовски за вчерашната прес-конференција на  Николовски на која кон него, како што посочи, биле упатени „ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, рамо до рамо со Сашо Мијалков“.

Антонио Милошоски не ги коментираше одлуките од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. За медиумите вечерва изјави дека не присуствувал на состанокот, но внимателно ги следел изјавите  и, како што рече,  спомнатите ќе може да дадат свое мислење.

-Добро за партијата и за државата ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира, да има јасен опозициски курс на движење и тоа ќе биде корисно и за власта. Денес е и симболичен празник кој тоа треба и да го покаже, изјави Милошоски пред почетокот на прославата во МНТ.

Притоа посочи примери и  во СДСМ од минатото, како Нано Ружин кој, како што рече, беше избркан од СДСМ зашто прифати да биде амбасадор во НАТО, потоа, рече, слични работи се случуваа со Бучковски, Бузлевски, Буралиева, Грчева…

-Тоа е прашање на  нашата полтичка воспоставена пракса, која се надевам дека во иднина ќе биде подобрена, рече Милошоски.

  Категории: