Николоски: СДСМ работи на укинување на ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО пред се е идеја и ако треба од независни листи ќе ги победиме

Николоски: СДСМ работи на укинување на ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО пред се е идеја и ако треба од независни листи ќе ги победиме
10.11.18   23:18

Прочитано : 984

Print This Article
loading...
loading...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување на емисијата „Стадион“ на радио Канал 77 изјави дека желбата на СДСМ е укинување на ВМРО-ДПМНЕ и веќе имаат започнато со тој план, но и покрај тоа и да ја укинат партијата не можат да ја укинат идејата и затоа ВМРО-ДПМНЕ ако треба ќе оди на независни листи и ќе го победи СДСМ на избори.

– Постои мастер план на СДСМ за укинување на ВМРО-ДПМНЕ, првиот чекор е направен, а тоа е замрзнување на имотот, вториот чекор е во тек на реализација, а тоа е политички прогон на околу 300 лица од ВМРО-ДПМНЕ; а третиот чекор е преку инсталации во судство и обвинителство да се забрани дејствувањето на политичката партија од две години па нагоре и последниот чекор е закон со кој што ќе се забрани користење на името ВМРО, вели Николоски.

Тој потенцираше дека цела јавност е сведок како власта насилно ги тера работите, но треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ пред се е идеја, а па после е политичка организација, и затоа ако е потребно ВМРО-ДПМНЕ на избори ќе оди на независни листи и ќе го победи СДСМ.

  Категории: