Никола Поповски нов главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје

Никола Поповски нов главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информираше јавноста дека Никола Поповски е избран за нов ВД Главен извршен директор и член на Управниот одбор на Банката.

Поповски доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Развојната банка, Кирил Колемишевски кој оваа функција ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и ВД Главен оперативен директор.