Ние сме со жртвите на овој случај на родово базирано насилство

Ние сме со жртвите на овој случај на родово базирано насилство
Ние сме со жртвите на овој случај на родово базирано насилство

Денес се огласија моралните и верските судии за случајот Јавна соба, барајќи ја вината за групата на Телеграм со повеќе од 7000 членови во таканаречената морална дисторзија и губењето на семејните вредности, но без гласно да застанат на страна на стотиците девојки и жени чии фотографии и видеа беа злоупотребувани во групата.

Ние сме со жртвите на овој случај на родово базирано насилство кое бараме да биде така именувано и адресирано од институциите, а особено од Министерката за труд и социјална политика.

Ние сме со жртвите, без разлика дали се малолетни, полнолетни, вернички, атеистки, анархистки, транс жени, мајки, лезбејки, сексуални работнички, политичарки, итн.

Изјавите и пораките кои јасно и недвосмислено не ги осудуваат администраторите и членовите на ваквите групи вршат двојна виктимизација на жртвите, се во спротивност со залагањата за заштита од родово базираното насилство и вознемирување и се спротивни на духот на Истанбулската конвенција.