Независната ПГ на ВМРО ДПМНЕ предлага законско решение за почист воздух

Независната ПГ на ВМРО ДПМНЕ предлага законско решение за почист воздух

 

Утрово од Женева, од СЗО осамна уште едно истражување за штетноста на загадувањето. Седум милиони луѓе умираат од загадување на воздухот годишно низ целиот свет, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Една третина од смртните случаи предизвикани од мозочен удар, карцином на белите дробови и срцеви заболувања се резултат на загадување на воздухот, што е еквивалентно на ефектот на пушењето, според ООН.

Деновиве, како и последниве 5 години, Скопје и Тетово се во врвот на светот, за жал по загаденост.

НПГ од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија изработивме драфт верзија за законско решение во кое детално се образложени нашите предлози кои ќе ги наведеме и подолу. Исто така ги предвидовме и финансиските импликации кои ќе произлезат, и од кои непродуктивни ставки во буџетот ќе бидат покриени. НПГ за таа цел ќе ги повика сите здруженија, експерти и заинтересирани страни да ни помогнат за подобрување  на законско решение кое реално ќе направи разлика за почист воздух. Доколку ова не се спроведе брзо фактите се следни

  1. На изборите ќе слушаме многу за чист воздух, а ќе ја пропуштиме 2020 год за позитивна промена кон почист воздух
  2. Ситуацијата е поразителна. Кај нас според сите релевантни истражувања за скоро 50% од загадувањето причина е загревањето на домовите со дрва, јаглен, нафта и мазут.

Потоа како причинители се јавуваат индустријата па сообраќајот.

Предлагаме, овој собраниски состав да донесе закон, преку кој ќе се овозможи сериозно намалување на загадувањето, за најмалку 50%.

За таа цел ќе организираме работни средби со невладините организации и експертите во оваа област на кој ќе работиме заедно на законското решение кое најмалку ќе опфати:

  1. регулирање на греењето на домовите и разгледување на можноста за воведување на забрана за греење на дрва, мазут и јаглен во урбаните средини.
  2. ширење на топлификационата и гасификациона мрежа во урбаните средини
  3. бесплатни печки на пелети за сите домаќинства со ниски примања и субвенционирање на останатите во зависност од нивните месечни примања. Исто така да се постави и систем на субвенционирана цена на пелетите за граѓаните со пониски примања „екологизација“ на сите јавни институции во државата каде нема топлификациона мрежа
  1. промена на системите за греење во сите јавни и општински институции и установи со цел во државата да нема ниту една институција која се грее на дрва, мазут, нафта или јаглен
  2. сите автобуси на градскиот превоз во Скопје да бидат или на метан или на електричен погон

6.Да се субвенционира инсталирањето на гасни уреди кај таксистите, со цел во наредни 4 години сите такси возила или да го исполнуваат ЕУРО 6 стандардот, или да се на плин или метан.

7.Затоплувањето со прегорено уље или со остатоци од мебел, како и горењето на гуми да преставува кривично дело и да има посебна единица во полицијата и обвинителството која ќе ги гони сторителите на овие кривични дела

  1. забрана за увоз и согорување на отпад и ригорозно казнување на на оние кои оваа забрана ќе ја прекршат

Целта ни е како што претходно наведовме, овој парламентарен состав да го донесе законот кој ќе почне да се применува веднаш и без одлагање. Целта е во 2021 година да имаме барем 50% почист воздух.

Приклучете ни се без калкулации. Да направиме нешто добро, сите заедно.