Невреме во Полска, има загинати и повредени

Невреме во Полска, има загинати и повредени
Nevreme Polska

Неколку луѓе загинаа, а десетмина се повредени во Полска во силното невреме кое денеска го зафати планинскиот венец Татри на границата со Словачка.

Спасувачки екипи ќе тргнат кон врвот Гевонт, каде група туристи, меѓу кои има и деца, биле погодени од гром, објавија локалните медиуми.

Спасувачите со хеликоптер ќе бидат префрлени на планинскиот врв.