ВИДЕО: Непроспиена ноќ за станарите од опожарената зграда во Кисела вода

ВИДЕО: Непроспиена ноќ за станарите од опожарената зграда во Кисела вода
11.06.19   23:24

Прочитано : 232

Print This Article
pozar-2

Непроспиена ноќ за станарите на зградата во скопската населба Кисела Вода по големиот пожар што избувна вчера и пеплоса три станови. Од утрово почна увидот на полицијата и крим техника, а граѓаните кои ги затекна екипата на 1ТВ пред зградите се уште чекаа да влезат во своите домови за да видат каква е состојбата и дали имаат евентуална штета во становите.  1ТВ доби екслузивни фотографиии и видеа од внатрешноста на опожарената зграда кои ни ги испартија дел од станарите попладнево по завршувањето на увидот и им беше дозволен пристап во домовите.

Се уште во шок, ни раскажаа дека тоа што вчера се случувало била вистинска драма, а има повеќе станови што се поплавени и уништени од водата при гаснењето на пожарот.

Велат дека е среќа што се живи но очигледно дека нивните проблеми допрва започнуваат. Штетите кои настанаа треба да се санираат, а за тоа се потребни финансиски средства. Очекуваат помош од надлежните институции и хумани граѓани.

Точните причини за настанувањето на пожарот се утврдуваат, но според информациите на противпожарната бригада се претпоставува дека најверојатно настанал поради спој во електричната инсталација и пламнал станот на петтиот кат во зградата, па се проширил на шестиот и седмиот кат. За среќа, велат жителите, станот бил празен.

Според информациите на МВР, станот во кој избувнал пожарот е сопственост на 58-годишниот МС. Затруените со чад се во стабилна општа состојба. Од токсикологија информираат дека единаесет лица и се хоспитализирани на Универзитетската клиника за токсикологија и се во добра состојба.

Меѓу хоспитализираните пациенти има четворица пожарникари. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот има 26 години.

Вчерашната спасувачка мисија и борба со пожарот во Кисела Вода траеше неколку часа. Противпожарната единица успеа да го изгасне пожарот и да евакуира 7 лица кои беа блокирани, а последна излезе една старица. Општинските власти најавија дека сите оштетени ќе добијат еднократна помош. Во очите на станарите, пак, останува надежта дека надлежните институции што поскоро ќе им ја дадат ветената помош.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести