„Негативецот“ Дени Трехо – херој во вистинскиот живот

„Негативецот“ Дени Трехо – херој во вистинскиот живот

Паниката кај момчето, па и кај глумецот била дотолку поголема, оти се работело за дете со попреченост. Но, актерот успешно се справил со ситуацијата и, додека спасувачите ја извлекувале бабата, тој го извадил детето и го оддалечил од местото.

Притоа, тој користел и психологија, за да ја намали паниката и стравот кај момчето.

– Детето паничеше. Јас реков „Добро, тогаш – да ги употребиме нашите супермоќи“. Па, почнав да вресам: „Супероќи!“, тој ми се придружи во викањето, објаснува глумецот. Така, успеал да го оддалечи момчето од местото на несреќата.

Истрагата сè уште е во тек, но Трехо како очевидец смета дека возачот на другиот автомобил минал на црвено.