Небиум: Во текот на интервјуто не знаевме за баџаначката врска со Џафери, затоа и никој од нас не го постави тоа прашање

Небиум: Во текот на интервјуто не знаевме за баџаначката врска со Џафери, затоа и никој од нас не го постави тоа прашање
11.02.19   13:54

Прочитано : 102

Print This Article

Дел од обраќањето на Бесим Небиум, претставник од граѓанскиот сектор кој учествуваше во интервјуирањето на кандидатите за членови на ДКСК:

Во јавноста најмногу прашина крена изборот на г-н Нури Бајрами, кој е баџанак на Претседателот на Собранието, па би сакал малку и на тоа да се осврнам.

Г-н Бајрами, не го познавам ЛИЧНО, а пред денот на интервјуто, НИТУ неговото име ми беше познато. Едноставно не ни се сретнале патиштата претходно! Беше кандидатот број 4. Неговото интервју беше квалитетно. Кандидатот одговораше директно, отсечно и артикулирано на поставените прашања, со елоквентност, јасен концепт и визија и без ескивирања на директни прашања. Неговото интервју остави силен впечаток кај сите членови на комисијата. Во неговата биографија стоеше дека ја извршува ИСТАТА функција во Општина Гостивар од 2009 година. Тоа е период во кој се смениле 3 градоначалници од 3 различни партии (Руфи Османи РДК, Невзат Бејта ДУИ и Арбен Таравари АА). Сметав дека е тоа е доволно добар показетел за неговата професионална компетентност. Бидејќи ниту јас ниту било кој од нас 10-тина претставници на медиуми и граѓански организавии учесници во интервјуата, не го познававме лично, почнавме да прашуваме за него. Од наши контакти добивме позитивни референци за неговиот личен интегритет.

Во текот на интервјуто не знаевме за баџаначката врска со Претседателот на Собранието, затоа и никој од нас не го постави тоа прашање. Фактот дека е баџанак на Џафери, се разбира дека ја направи одлуката контроверзна и главен фокус на дебатата по изборот на ДКСК.

Се гласаше од листата на ПРИЈАВЕНИ кандидати, листа во која г-н Бајрами беше подобар од неговата конкуренција за позицијата член на ДКСК. Едноставно и јасно. Заради тоа, образложувањето на одлуката не е ни толку тешка за мене лично – за кандидат со подобра биографија, лични референци за интегритет и подобро интервју – треба да се гласа! Ќе беше неправда да се избере полош кандидат заради тоа што сестрата на неговата сопруга е сопруга на претседателот на собранието.

Целото обраќање на НОВА на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести