„Не тепаат со гумена палка каде што нема камери“ - малолетни затвореници во охридскиот затвор со поплаки до претставници на омбудсманот

„Не тепаат со гумена палка каде што нема камери“ - малолетни затвореници во охридскиот затвор со поплаки до претставници на омбудсманот

 

Нема доволно пари, нема доволно персонал, нема добра храна и соодветна лекарска грижа, но нема ниту тортура, ова се заклучоците на анкетната собраниска комисија која засилена со невладини претставници извршила визита на три затвори во државата, пренесува Телма. Омбудсманот ги демантираше, им порача дека корупцијата во затворите е раширена, а заменишката Васка Бајрамовска рече дека има тортура, но се случува на скришни места, а на затворените им е страв да пријават.

-Не тепаат со бугарска гумена палка, на места каде нема камери или во трпезарија, ова било поплаката на повеќе малолетници, штитеници на охридскиот затвор., која ја упатиле на претставници на омбудсманот. Заменичката народен правобранител Васка Бајрамовска со ова свое тврдење на јавната дебата за состојбата во затворите им реплицираше и ги демантираше членовите на собраниската анкетна комисија за човекови права кои во состав од пратеници и невладини активисти посетиле три македонски затвори и утврдиле дека нема тортура.

Пратениците утврдиле во своите посети на Идризово и на штипскиот и охридскиот затвор нема тортура, иако Бајрамовска пак вели дека физичките напади се случуваат на места на кои не снимаат затворските камери. Омбудсманот тврди дека иако пратениците не нотирале корупција како проблем, затворската корупција за купување телефон, подобро место, викенд на слобода е широко распространета појава. За другото се сложија, нема доволно пари ниту доволно вработени во затворите, храната е лоша, а затворениците немаат ниту ефикасен лекарск третман.