Нашиот црн лебед се вика вмро!

Нашиот црн лебед се вика вмро!
19.06.19   22:02

Прочитано : 2,389

Print This Article

Сеедно е дали ќе дискутирате со Гоце Делчев или со Антонијо!
Првиот нема да ве чуе, а вториот нема да ве разбере.
Затоа што не може, не сака или не му даваат, сеедно.

Тој не е политичар, ниту неговата организација е политичка партија.
Тие се маскирани во политичари како што на времето Гоце се маскирал во црно ќумурџиче за да ги заебава Османлиите. Така вмороните ги заебаваат Македонците.
Тие се диверзантска група во заднината на “непријателот”.
Понекогаш се јавуваат во форма на песок што се самосипува во резервоарот на националната амфибија. Па се претвораат во говно на кое очекувааат да се лизнат националните перспективи.
Македонија да си ја скрши главата.
Антонијо!
Како говнесто тоа звучи!
Вмро е црниот лебед, феномен што ги демантира верувањата на заедницата дека нешто не може да се случи затоа што никогаш не се случило и затоа што појавата на тоа нешто и изгледа просто неверојатна.
Вмро е црниот лебед на внатрешното зло, на смртоносната автоимуна болест, генетски предодредена, за која мислевме дека на осумдесетгодишна возраст нема да ја закачиме.
И не ја закачивме, си ја носевме со себе.
Независноста и демократијата беа само амбиент во кој таа болест се разви.
Окидач на малигноста.
Проблемот е во тоа што нацијата се уште мисли дека таквата несреќа е неверојатна и продолжува вмро да го третира како партија.
Сдсм го третира така повеќе отколку што тие се третираат така. Сдсм му додава нови пердуви и бои зад кои се крие вистинската природа на злото.
Секој божји ден дебатира со злото.
Инаку, не би биле изненадени или револтирни од дејствијата на Антонијо или од дејствијата на сите вморони и на вмро како такво.
Идејата дека нивната деструкција може да се елиминира или амортизира со примена на доктрината едно општество за сите, е инфантилна и национално неодговорна.
Истото се однесува и до ставот дека треба да се почитува нивното правно наследство. Заборавајки во името на добрата волја дека тоа наследство не е правно туку е криминално и е создадено со криминални намери да се задржи структурата на злото во институциите на системот за да може злото да остане недостапно за правдата и, истовремено, да продолжи да ја спроведува својата разорна мисија.
Таквата политика го смачка рејтингот на сдсм, а го крена од мртвите злото. Во општите работи, во политиката, доброто не се римува со мекото и компромисното, туку со строгото и праведното, со решителното, не со инклузивноста како став на некаква добра волја, туку како аспект на моќта, со јасен и остварлив ризик за тие што свесно и систематски работат против правата на другите и против перспективите на заедницата, моќ против вмро и особено против раководството, а најособено против тие што се заглавени во најдлабоките говна на криминалот и велепредавството.
Што нада делат!?
Не знам!
Хахаха!
Знам дека не е лесно да се формулира нова политика по ова прашање, особенопоради односот на силите во собранието, но таа мора да се формулира. Нашата драма е во тоа што големи слоеви од населението се хистеризирани на антимакедонска основа. Со убави намери уриваат или се спремни да урнат се пред себе. Зомби. Чипирани идиоти. Вморони.
Не можам да се сетам на некоја паралела.
Но!
Деминирање на инситуциите од нагазните мини на злото, покреативно толкување на законите што се оставени од злото и построго толкување во деловите што се однесуваат на казнениот прогон, радикално ресетирање на правосудниот систем. Радикална реформа на медиумската сфера. Разработка на методи и форми за ослабување на економската моќ на злото, која е незаконски стекната, а таму кај што е законски стекната е стекната врз основа на криминални закони. Се разбира, таа ревизија на незаконските богатства не смее да биде селективна. Радикално расчистување со криминалот, корупцијата и непотизмот во власта како трајна ориентација, а не како еднократна метла. Ангажирање на непартиски луѓе за подвизите без кои Македонија нема да ја биде.
Тоа остварување не може да се сведе на партиска амбиција.
Може ли тоа Македонија да го направи.
Верувам дека на крилата на евроатлатските успеси, на подобрените економски перформанси (извоз, инвестиции, кредтен рејтинг), на почнатиот преустрој во правосудството, со очекуваното решавање на статусот на СЈО, со засилените активности за враќање на Груевски во Идризово, со изнаоѓање на ресурси за зголемување на стандардот на луѓето, како во порастот на бдп така и во странские инвестиции, а јас предлагам и во продажбата на остатокот од електроенергетскиот систем, во што меѓу другото ќе се предухитри можноста утре да падне во рацете на злото, во отворените расправи за природата на вмро и на неговите дејци, во отворената дебата со Бугарите, со свест за тоа дека фактографијата е доминантно на нивна страна, значи во тоа ослободување од историскиот и квазиисторискиот баласт, може да се стигне до позитивни ефекти до крајот на мандатот на оваа власт и тоа на ниво кое ќе и обезбеди уште четири години со покомотно парламентарно мнозинство.

Бранко Тричковски

  Категории: