НАСА објави необична фотографија од спирална галаксија

НАСА објави необична фотографија од спирална галаксија
21.10.19   09:29

Прочитано : 235

Print This Article

– НАСА објави уникатна слика од спиралната галаксија НГЦ-4380, којашто наликува на „портал кон друга димензија“.

Кадарот е снимен благодарение на вселенскиот телескоп Хабл. Сепак, иако изгледа необично и естетски убаво, НГЦ-4380 е всушност сосем обична вселенска формација.

Таквите спирални облици се среќаваат доста често во Вселената.

НГЦ-4380 се наоѓа во соѕвездието Девица. Галаксијата на 10 март 1826 година ја открил англискиот астроном Џон Хершел.

 

  Категории: