Направена првата фотографија од црна дупка – што открива?

Направена првата фотографија од црна дупка  – што открива?
12.04.19   09:42

Прочитано : 570

Print This Article

Гости во отвореното Студио 1 со Елена Милошевска и Антонио Крстевски беа Радан Митровиќ и Кире Трајковски од скопското астрономско друштво кои зборуваа за првата фотографија од црната дупка која беше објавена вчера.

-Ова што вчера се случи е еден прв чекор од понатамошни откритија. Овој проект почна пред 4 години, се работеше активно околу 2 години на самото снимање на црната дупка и околу година ипол податоците беа обработувани. Малку доцниме со објавување затоа што научниците нема туку така да излезат во јавност без да бидат сигурни, истакна Митровиќ.

Трајковски објасни како била направена оваа фотографија.

-Сликата е револуционерна бидејќи е првата слика од црна дупка. Направена е преку 8 телескопи коишто го примаат зракот од светлината од самата црна дупка и на крај суперкомпјутер ја обработува таа слика за да добиеме финален производ како што видовме вчера, рече Трајковски.

Митровиќ објасни зошто ова откритие претставува почеток на нова ера во науката.

-Ако досега сме виделе слика од црна дупка, тоа не било црна дупка, некој ја нацртал таа слика. Ова не е обична црна дупка туку супермасивна црна дупка. Да бидеме попрецизни, ние не ја видовме црната дупка туку сенката на црната дупка, самата црна дупка по дефиниција не зрачи никаква светлина и не може да ја видите, но толку е тешка и има толку силна гравитација што закривува простор околу неа така што светлината што патува била искривена и била вратена накај нас, истакна Митровиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: