Најновата истрага „Империја“ на СЈО една од темите во Студио 1

Најновата истрага „Империја“ на СЈО една од темите во Студио 1
9.11.18   17:09

Прочитано : 1,355

Print This Article
loading...
loading...
Studio

Главната тема на денот со која го почнуваме отвореното Студио 1 е тоа што истражители на СЈО влегоа во фирмите на бизнисменот Орце Камчев и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, во рамките на новата истрага „Империја“.

Обвинители од СЈО, со судска наредба и придружувани од инспектори на одделот за организиран криминал и корупција извршиле 12 претреси, а лишени од слобода се пет осомничени лица, но се уште не им е одреден притвор, јави нашиот новинар на терен Антонио Крстевси.

Во рамките на „Империја“ се истражува злосторничко здружување, злоупотреба на овластување и положба, измама и перење пари и оштетување на доверители.

Од Кривичниот суд колегата Игор Стефановски јавува дека почна судењето за убиството на младиот навивач на Комитите Никола Саздовски. Во судот, зад затворени врати и без присуство на новинарите сведочеше очевидец на крвничкото претепување.

Сведокот влезе во судницата со глава покриена со качулка од дуксер за да не биде препознаена. Двајцата обвинети се товарат за убиство на свиреп начин и со умисла, но тие изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Уредничката на денот Јадранка Костова разговара со главната и одговорна уредничка на „Вечер“ Весна Микиќ Божиновска за јубилејот во недела – 55 години од излегувањето на првиот број на весникот.

-Интересен е податокот дека „Вечер“ денес има 35 новинари, колку што имал кога стартувал во дамнешната 1963 година. Мислам дека тоа е оптимален број на вработени. Работат на електронската верзија до затворањето околу 16-17 часот, но попладне имаме друг тим, вели таа.

Од Собранието се вклучи колешката Весна Велковска Тодорова, која информира дека пратениците, со 58 гласови за и 28 против не постигнаа двотретинско мнозинство за да му го одземат мандатот на Никола Груевски, што сепак не значи дека екс премиерот нема да оди во затвор за случајот „Тенк“.

Собранието исто така не расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април.

Истовремено, во Собранието се води расправата за дополнителниот предлог за ребаланс на буџетот.

Уредничката Костова и новинарот Дејан Андоновиќ, пак, разговараат за инцидентот во Белата Куќа, кога претседателот Трамп му го одзеде пристапот до прес конференциите на новинарот на ЦНН кого го обвини за лажни вести и вчерашните неуспешни разговори Тачи-Вучиќ во Брисел.

Целите разговори погледнете ги во видеото.

  Категории: