Најмалку 16 загинати при напад на Боко Харам во Нигерија

Најмалку 16 загинати при напад на Боко Харам во Нигерија
9.08.18   21:28

Прочитано : 42

Print This Article

Најмалку 16 загинати при напад на Боко Харам во Нигерија

Најмалку 16 припадници на нигериската Армија загинаа денеска при напад од заседа на припадници на исламистичкото движење Боко Харам во областа Борно во североисточниот дел на Нигерија.

Борно е меѓу областите во Нигерија во кои припадниците на Боко Харам се најактивни. Од формирањето на Боко Харам во 2009 години, при напади на негови припадници во Борно загинаа над 30.000 лица.

Денешниот напад следува откако пред неколку недели исчезнаа 20 припадници на Армијата на Нигерија, за кои се претпоставува дека се жртви на Боко Харам.

Движењето Боко Харам се залага за формирање на исламска држава на територијата на северна Нигерија и делови на соседните земји.

  Категории: