На вториот ден од Првиот Балкански Детско-младински поетски Камп: Во храмот на светската поезија-седиштето на СВП

На вториот ден од Првиот Балкански Детско-младински поетски Камп: Во храмот на светската поезија-седиштето на СВП
18.06.19   09:17

Прочитано : 78

Print This Article

Учесниците на Првиот  Балкански детско – Младински  Поетски Камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески – 2019”, млади – основци и средношколци од нашата земја и повеќе земји на Балканот, денеска, на вториот ден,од Охрид, се селат во Струга, а потоа во Белчишта и целното одредиште – Црвена Вода, родното место на Николески.

Во Струга тие ќе имаат средба со директорот на СВП, Тодорче Тасески, кој ќе им ја претстави една од најстарите и најреномирани книжевни манифестации во светот, собиралиште, мегу другото и на многу носители на Нобеловата награда.

До младите поетски надежи, со посебни писмени Посланија, се обратија генералниот секретар на Светската академија за поезија на УНЕСКО, д-р Лаура Троиси, односно на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендароски.

– Со задоволство ја примив поканата за свеченото отворање на Балканскиот детско – младински поетски Камп “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески- 2019”.Но, поради претходно преземени обврски, за жал, не сум во можност лично да присуствувам на оваа свеченост. Со оваа порака како претседател на Република Северна Македонија би сакал да ве поздравам, затоашто оваа значајна манифестација ни дава можност за средба со богатиот творечки опус на Ванчо Николески, македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина – пишува претседателот Пендаровски.

Според него, целта на оваа благородна мисија е заедништво и другарување на децата и младите од поширокиот балкански регион, од Република Северна Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора.

Тој упати поздрави и благодарност до Здружението за култура и литература “Мацково”, од Охрид, иницијаторот за оддржување на ваков камп, единствен досега на балканските простори, но и до Катрин Коли, од Глазгов Шкотска, рекордер во изучувањето на македонскиот јазик и спознавањето на македонскиот фолклор .

-Ова е и во духот на нашата заедничка цел – да градиме слободно, праведно и напредно општество во кое секој ќе биде почитуван, секој ќе биде прифатен и секој ќе има шанса за творење.Овие млади луѓе, ќе го обноват споменот за основоположникот на литературата за деца и млади, легендарниот Ванчо Николески. Ние сите учевме за „Волшебното самарче“, „Братската дружба“ и „Чудните случки“, ги читавме „Дедовите приказни“ и ,„Македонче“ , првата збирка песни за деца на македонски јазик, издадена во далечната 1946 година – напиша воп своетоПослание претседателот Стево Пендароски.

Генералниот секретар на Светската академија за поезија на УНЕСКО, Д-р Лаура Троиси, во своето Послание напиша:

– Првиот младински балкански камп „Ванчо Николески“ (16-20 јуни 2019) ги обединува младите поети и писателите за деца, а кои доаѓаат од различни земји на Балканот. На сите учесници во кампот им посакуваме пријатен престој во Охрид и притоа уште добра меѓусебна соработка со цел остварување на предвидените програми и цели. Оваа пријателска и творечка средба би требало да послужи како пример за сите луѓе со добра волја, писатели и други балкански уметници, кои преку размената на нивните идеи и творечките резултати, ќе ги потврдат својот јазик и литература, дури и малите по бројност нации, за да бидат подобро запознаени и почитувани. Светската академија на поезијата на сите ви посакува да живеете во мир пријателство и успех, напиша Лаура Троиси.

Со писмено Послание се огласи и членот на Светската академија и претседател на Одделот засловенскиот свет, Мајо Даниловиќ,

– Нека вашата средба, единствена на Балканот, ги собере луѓето, децат од добра воља, поетска посветеност креација и нека прерасне во убава традиција. Нека гласовите во Охрид, Лескоец, Вевчани Дебрца, Црвеној вод, зборуваат љубов, гласот нека се чуе, љубов што персонификува. Звоната исконски, во славата на љубова тена звонмат.За љубовта таму нека се пее!Ода на животот, на убавината на живеењето љубовта да се придодаде, љубова нека со љубов љуби, напиша позмнатиот книжевник Даниловиќ.

Вчерашното попладне учесниците беа во Вевчани, каде саоздаваа во импресивниот амбиент на Вевчанските извори. Таму ја разгледаа Спомен куќата на Михајло Пупин, таткото на светската глобализација, а ги прими градоначалникот Сашо Јанкоски,

Учесник е и малата Катрин Коли, од Глазгов Шкотска, рекоредер во изучувањето на македонскиот јазик и спознавањето на македонскиот фолклор – само 2 месеци.

Манифестацијата завршува во четврток, со посета на НУ.Библиотека “Григор Прличев”, во Охрид

Организатор на маниестацијата, која че трае до четврток, е Здружението за култура и литература “Мацково”, во соработка со општините Охрид, Дебрца и Вевчани, како и со финасиска поддршка на Министерството за култура, спонзори и помагатели.

Веле Митаноски

  Категории: