На Меси му се заканува казна од две години

На Меси му се заканува казна од две години
8.07.19   10:53

Прочитано : 259

Print This Article

Лионел Меси може да добие забрана да настапува за Аргентина во следниве две години, поради неговото однесување за време на натпреварот за третото место на Копа Америка, како и по него.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше избркан во мечот со Чиле, при победата од 2-1 на „гаучосите“. Поради неговото протерување, Меси ќе биде казнет за четири натпревари, но неговото однесување ќе се испитува по мечот од страна на Јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ).

За санкција од две години ќе се дискутира поради „непрофесионалното однесување“ од страна на Аргентинецот. Во тој случај, тој може да ги пропушти сите дуели од Копа Америка во 2020 година, кога турнирот ќе се одржи во Аргентина.

Причината за истрагата против Меси и на состанокот на КОНМЕБОЛ, што претстои, се неговите изјави пред новинарите, во кои изјави дека првенството е „наместено“ да го освои Бразил и дека има многу корупција во Јужноамериканскиот фудбал.

  Категории:
view more articles

Актуелно