На Малта уапсен евентуалниот посредник во убиството на новинарката Карун-Галиција

На Малта уапсен евентуалниот посредник во убиството на новинарката Карун-Галиција

Полицијата на Малта соопшти дека е уапсен еден маж под сомнение дека посредувал за убиството на Дафне Карун-Галиција, новинарката која се занимаваше со истражување на корупција.

Најверојатно приведениот, чиј идентитет не е откриен, посредувал помеѓу нарачателот и извршителот на убиството.

„Тајмс оф Малта“ денеска објави дека Владата ќе ја разгледа можноста за помилување на посредникот доколку открие детали кои би довеле до организаторот на убиството.
Весникот, исто така наведе дека во истрагата е вклучен и ЕВРОПОЛ.

Карун-Галиција која пишуваше блог за корупцијата, убиена е во Валета 2017 година откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив. За нејзиното убиство досега се осомничени три лица.