Наќе Чулев сака да вработи во МВР лице за кое ФБИ водело истрага за хакерски напад, а Интерпол го барал со потерница?!

Наќе Чулев сака да вработи во МВР лице за кое ФБИ водело истрага за хакерски напад, а Интерпол го барал со потерница?!

Техничкиот министер Наќе Чулев сака во МВР да вработи лице по кое своевремено истрага водело американското ФБИ и македонската полиција, велат извори од МВР за Либертас.

Се работи за Ангел С. од Струга кој во октомври 2012 година извршил хакерски упад во повеќе државни институции во САД.

Откако бил лоциран од американските служби, ФБИ распишало потерница и преку ИНТЕРПОЛ бил откриен во Македонија. Лицето било приведено за кршење повеќе закони и му била запленета компјутерската опрема, случај за кој своевремено пишуваа порталите. Но, бидејќи неговото семејството важи за политички моќно во Струга како дел од ВМРО-ДПМНЕ, било извршено политичко влијание врз инспекторите во МВР да го заташкаат случајот. Преку политичките релации на семејството со тогашниот министер Зоран Ставрески, хакерот Ангел С. бил вработен во Министерството за финансии.

Потоа, тој по налог на ВМРО-ДПМНЕ пред некоја година Наќе Чулев го вработил во Агенцијата за разузнавање, а според изворите, сега како технички министер сака да го вработи во МВР.

Намерите на Наќе Чулев брзо се прошириле и во Секторот за компјутерски криминал, вклучително и до оние инспектори кои го истражувале случајот и ја воделе истрагата за лицето. Истите реагираат за носење сомнителни кадри за кои истрага водело ФБИ. Професионалците од МВР стравуваат дека Ангел С. би можел дури да биде поставен и за началник за некој од тамошните сектори по примерот на другите партиски кадри.

Либертас за случајот пред 2 дена испрати прашања до МВР, но до објавувањето на овој текст нема добиено никаков одговор.

Дополнето:

Чулев не негира дека ќе префрла во МВР лице кое ФБИ го истражувало за хакерски упад, обвинува за обид за лично дискредитирање