МЗШВ: Во Шпанија нема африканска свинска чума, шпанското свинско месо безбедно

МЗШВ: Во Шпанија нема африканска свинска чума, шпанското свинско месо безбедно
14.10.19   15:17

Прочитано : 23

Print This Article

– Врз основа на анализите од шпанските надлежни институции, не е утврдено присуство на вирусот африканска свинска чума во ниту една фарма во Шпанија, потврди шпанскиот амбасадор Емилијо Лорензо Сера на денешниот работен состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски во Скопје.

На состанокот, информират од МЗШВ, амбасадорот Лорензо Сера, даде цврсти гаранции дека во Шпанија не е утврдено присуство на вирусот во ниту една фарма, а овие информации се совпаѓаат и со известувањето од Светската организација за здравствена заштита на животните, во кое се посочува дека во Шпанија не е регистрирана појава на африканска свинска чума.

Затоа, порачуваат од МЗШВ, врз основа на сите овие информации, Агенцијата за храна и ветеринарство не воведе и нема да воведе забрана за увоз на свинско месо од Шпанија.

-Во заедничка комуникација и соработка со владите на Шпанија, Бугарија и Европската комисија, ќе се продолжи со истрагата што се случувало со пратката од свинско месо, во која од страна на АХВ беше утврдено присусутво на вирусот африканска свинска чума, посочуваат од МЗШВ.

 

  Категории: