МЗ: Во октомври исплата на паричниот надомест за докторите на приватна специјализација

МЗ: Во октомври исплата на паричниот надомест за докторите на приватна специјализација
20.09.18   15:36

Прочитано : 52

Print This Article

МЗ: Во октомври исплата на паричниот надомест за докторите на приватна специјализација

Министреството за здравство соопшти дека Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на денешната седница донесе Одлука за исплата на месечен паричен надоместок на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година со што се исполнети формалните услови за негова исплата за трудот и ангажманот на оваа група специјализанти.

– Конкретно, сметано започнувајќи од месец јуни 2018 година, односно за повеќе месеци ретроградно, средствата ќе им бидат префрлени кога ќе се врши исплатата на плата во целиот здравствен сектор за месец сепетември, 2018 година, се наведува во соопштението.

Воедно, од Министерството за здравство изразуваат уверување дека, покрај нивото на разбирање за овој проблем од страна на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година, соработката на стручно и административно ниво ќе продолжи во нагорна линија.

  Категории:
view more articles

Останати вести