МВР: Не се мешаме во внатрешните работи на ИВЗ, реагиравме по пријави од двете страни, но немаше нарушување на јавниот ред и мир

МВР: Не се мешаме во внатрешните работи на ИВЗ, реагиравме по пријави од двете страни, но немаше нарушување на јавниот ред и мир
23.04.19   23:07

Прочитано : 217

Print This Article

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатија во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

„Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa“, стои во соопштението на МВР.

  Категории: