Мустафа: Балканскиот Шенген е мини Југославија

Мустафа: Балканскиот Шенген е мини Југославија
10.11.19   23:58

Прочитано : 1,666

Print This Article

Поголемиот дел на политичарите на Косово се против Балканскиот мини –Шенген за кој се договараа во Охрид премиерите на Северна Македонија, Србија и Албанија. По изјавата на лидерот на Самоопределување и претендент за премиер на Косово во новата влада Албин Курти и раководството на ДСК оценува дека овој мини – Шенген е против интересите на Косово. Курти претходно изјави дека овој Шенген е мини – Југославија.

Лидерот на  Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа е против Балканскиот мини Шенген кој се договара помеѓу Северна Македонија, Албанија и Србија . Мустафа како што пренесува „Зери Инфо“ коментирајки ја средбата која се одржа во Охрид и договорите околу основањето на Балкански мини Шенген рече дека  ДСК не ја поддржува оваа идеја, без разлика дали партијата ќе биде во позиција или во опозиција на Косово.

-На прв поглед овој проект се гледа како мошне атрактивен, но во основа, проектот носи кон формирање на нова Југославија, со Албанија но без Хрватска и Словенија. Овие идеи не ги подржувавме кога бевме на власт, така како што не подржуваме ниту промена на границите – истакнува лидерот на ДСК Иса Мустафа . Тој притоа додава дека Косово треба да се насочи кон севкупниот Европски пазар таму каде што се земјите на ЕУ. Според него оваа идеја дојде по неуспехот на срспкиот проект  за Царинска Унија и Економска Унија на Западен Балкан, поради противење на Косово и Црна Гора .

Мустафа подвлекува дека формирањето на Мини – Шенген  ги одалечува земјите од Западен Балкан од патот кон ЕУ и земјите ги носи во насока на евроазиската зона каде доминира Русија. Оваа е фактички мини – Југославија, а можеби премиерите на Северна Македонија и Албанија ги знаат тие интереси, но за Косово тоа е неприфатливо, додава Мустафа лидерот на ДСК, партија која се очлекува да биде дел од новата влада на Косово предводена од Самоопределување.

 

К. Мимидиноски

  Категории: