Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса

Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
7.11.18   13:16

Прочитано : 1,076

Print This Article
loading...
loading...

Пратеникот Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ е позитивно изненаден од најавата на поддржувачите на „Македонија блокира“ да го посетат во неговиот дом во Вевчани по 11 месеци.

„Многу им благодарам и позитивно сум изненаден што им текна по 11 месеци да ме видат. Се разбира, во мојот дом ќе испиеме кафе, ќе бидат послужени со благо. Нема никаков проблем“, изјави за МКД.мк пратеникот Мукоски.

Во врска со најавата од „Македонија блокира“ дека ќе му врачат протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени и од него ќе побараат да ја промени својата одлука при повторното гласање во Собранието кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени, Мукоски вели дека ќе им каже оти писмото е на погрешна адреса.

„Не можам предвреме да зборувам, да го видам прво писмото, па потоа би го коментирал. Но, ќе им кажам дека писмото е на погрешна адреса“, ни изјави Мукоски без да коментира на која адреса требало да се упати тоа протестно писмо.

  Категории: