Број на објавени текстови денеска: 91

Муцунски: Договорот од Преспа е реалност, никогаш не сме рекле дека ќе го поништиме

Муцунски: Договорот од Преспа е реалност, никогаш не сме рекле дека ќе го поништиме
12.06.19   10:17

Прочитано : 539

Print This Article

Поранешниот заменик министер за информатичко општество, Тимчо Муцунски, кој е актуелен меѓународен секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека партијата зад себе во своето работење има и позитивни и негативни работи.

-За одредени работи грешевме, тоа треба јасно и недвосмислено да го кажеме. Не можеме да ги смениме грешките, но можеме многу да научиме од нив, за да не ги повториме – изјави тој во интервју за Е-магазин.

Со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на кој му дава целосна подршка вели дека често се шегуваат дека и двајцата се само волонтери во партијата.

-Тој заслужува да ја води партијата и го прави тоа како што доликува. Сметам дека Мицкоски ќе биде одличен премиер – додава Муцунски.

За обвинувањата дека Груевски, кој е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се уште има влијание врз партијата, вели дека тоа не е точно.

-Груевски ниту имал, ниту има влијание врз партијата од кога Мицкоски е претседател. Сета таа драма и тие шпекулации околу тоа прашање е мистификација на неговиот лик и дело – посочува тој и додава дека со Груевски последен пат имал контакт за Нова Година, кога добил честитка на мобилниот телефон.

Муцунски тврди дека во ВМРО-ДПМНЕ се работи под услови кои не се нормални

-Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е противправно замрзнат од СЈО, тоа е ноторно и не е нормално за демократска земја во 21-иот век – вели тој.

На прашањето што ќе се случи со договорите со Бугарија и Грција, доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, вели:

-Нема дилема, ЕУ и НАТО се наши стратешки цели. Лично не сметам дека договорот со Бугарија концепциски е лош. Треба да ги користиме придобивките од истиот гледајќи кон иднината. Од Бугарија можеме многу да научиме за нашиот пат во ЕУ. Најголем дел од базата на овој договор ја има направено токму ВМРО-ДПМНЕ. Договорот од Преспа е реалност. Тој е дел од Уставот, дел од македонскиот правен систем, колку и да е со сериозни содржински и концепциски недостатоци. Ние никогаш не сме рекле дека ќе го поништиме овој договор, бидејќи за тоа да се случи освен 2/3 мнозинство, потребно е и бандитерово мнозинство – посочува Муцунски.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести