МПЦ-ОА пред признавање на автокефалноста под еклисиолошкото име Охридска архиепископија

МПЦ-ОА пред признавање на автокефалноста под еклисиолошкото име Охридска архиепископија

Македонската православна црква би можела да се надева на признавање на автокефалноста и излегување од состојбата на раскол со останатите православни цркви под еклисиолошкото име Охридска архиепископија, пишува „360 Степени“.

Во ваков дух е напишано соопштението од Вселенската патријаршија по вчерашната средба на патријархот Вартоломеј со премиерот Оливер Спасовски и експремиерот Зоран Заев.

„Целта на посетата беше да се разговара за црковниот проблем на земјата. За време на разговорот беа поставени прашањата и напредокот на фазите на ова прашање, како и волјата за враќање на оваа Црква во канонско единство под името Охридска Архиепископија, а по поднесеното барање до Мајкатa Црква пред извесно време. Во врска со ова се одлучи да се поканат во седиштето на Екуменската Патријаршија претставници на СПЦ и на Црквата на оваа земја заради консултации и обиди за изнаоѓање заемно прифатливо решение“, пишува во вчерашното соопштение од Вселенската Патријаршија.

Повеќе на „360 Степени“ на следниот линк.