Може ли да се оправи македонското образование – тема во „Печат на неделата“

Може ли да се оправи македонското образование – тема во „Печат на неделата“
26.06.19   22:57

Прочитано : 292

Print This Article
Pechat

Бројот на студенти во РСМ опаѓа од година в година и тоа е тренд кој не зависи само од основното и средното образование, туку и од демографскиот развој во државата. Од друга страна, бројот на универзитети се зголемува, вели професорката Ана Павловска Данева.

-Долго време имавме политика на популистичко пропагирање дека секое дете во оваа држава што ќе се роди однапред се знае дека треба да студира. Државните униврзитети не се бизнис. Проблем во високото образование е буџетот, односно финансирањето. Нашата држава ниту сега ниту порано, од осамостојувањето не вложува во високото образование и наука. Тоа е проблем. Нашите плати се исклучително мали. Кога платите би биле барем пристојни, тогаш многумина од нас не би сакале да бидат ничии советници. Тоа е напорна работа. Не би сакале да работат на проекти ноќе, вели таа.

Според директорот на Американскиот универзитет во Скопје Марјан Бојаџиев, тоа што приватното образование е бизнис не значи дека не е квалитетно. Сепак, тоа треба да го определи одбор за евалуација, одбор за акредитација и просветна инспекција, но никој не работи ништо – новите не се формирани, уште функционираат старите.

-Буџет за научно-истражувачка работа е нешто со што апсолутно се согласувам. Меѓународните рангирања се вршат според истражувања. Дел е квалитет на студенти и проодност, што кај нас е проблем затоа што сега проодноста е во странство и добрите студенти веднаш наоѓаат работа надвор, а пазарот за труд се изместува. Но еден од главните критериуми за визибилност е научно-истраживачката работа, изјави тој.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: