Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина

Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
10.07.19   20:46

Прочитано : 1,125

Print This Article

Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.

Illustration: Maritsa Patrinos
Illustration: Maritsa Patrinos
Тинејџерството и првата менструација која никогаш не се случи

Имав 15, 16 години и растев во мал град. Знаев дека нешто чудно се случува со мене. Имав навидум „нормално“ детство, во семејство на работничка класа која не знаела за годишни одмори и која ја помина големата финансиска криза на 90тите. Бев љубопитно и креативно дете. Во тинејџерските години почна да ме фаќа страв и паника. Сите другарки веќе имаа добиено прва менструција. Почнав почесто да ги проверувам гаќичките да не случајно имам крв и да не случајно конечно и јас добив. Се развивав нормално, хормоните ми беа добри, ми растеа гради, влакна, се’ си имаше навидум нормален пат и развој. За една тинејџерка со свои бубачки и распрснати хормони, таа језива тегобност на чекање беше голема драма која со себе носеше голема нетрпеливост и анкциозност. За сите други тој процес беше нормален и природен. На разбирав ништо а и не знаев како да се вклучам во разговор на оваа тема. Со моите дома не бев до толку блиска за да зборувам отворено. Од нив секогаш имам поддршка, но сепак во тие години едноставно ми беше срам да зборувам за себе. Но, темата лебдеше во воздухот и стануваше непријатна. Никогаш не се вклучував во муабетите за добиено, недобиено, доцнење, болки, апчиња. Никогаш не седев на клупа на час по физичко поради “женски проблеми”. Молчев и чекав. Тоа беше мојата тајна. Никогаш не добив менструација и не знам како е.

 

Дијагнозата

Неколку гениколози не можеа да откријат што точно се случува. После многу испитувања, магнетни зрачења и хормонски терапии базирани на апчиња, следно беше лапараскопија на државна болница. Наодот беше – два исправни јајници, неразвиена матка во облик на лента и отсуство на вагина – вагинален канал – MRKH – Mayer-Rokitansky-Küster-Hauser syndrome. Прв пат слушам за ова. Не знаев дека воопшто постои ваков… синдром. Не познавав никој во ваква ситуација, и самата не знаев како да се справам со овој факт. Секако бев во преголем шок да ги примам и преработам информациите. Моите родители беа потресени, особено мајка ми. Морав да гуглам за МРКХ. На мекедонски јазик нема речиси ништо, скоро па никаква информација. “MRKH syndrome is the common name for Mayer-Rokitansky-Küster-Hauser syndrome. MRKH syndrome is a condition where young women are born either without a vagina and uterus or with an underdeveloped vagina and uterus. It is the most common type of vaginal agenesis . Agenesis is Latin for “not developed.” Се случува на една од 5000 жени, отсуство на матка, неможност за зачнување и носење дете. Јајниците ми се добри, сепак можам да имам свое дете, но не можам да го носам. Кога си тинејџер, не знаеш како да се справиш со ваквите сознанија за себе и го правиш она што го налага стравот на таа возраст – го ставаш настрана проблемот, го игнорираш и го оставаш да го решаваш “кога ќе му дојде времето”. А кога ќе му дојде времето?

Illustration: Maritsa Patrinos

Артикулација на немоќта
Времето поминува и молкот полека станува емотивен товар кој ѕирка од под тепихот, се шири. Молкот на немоќта да се променат работите. Молкот на неприфаќањето. Молкот на обвинувањето. Молкот е ужасен кога не знаеш што да правиш со него. Молкот кој станува слонот во собата кој го игнорираш. Кому и како да кажеш? На кој начин и со какви зборови? Како се кажуваат тие работи? Кој е мојот личен однос и став кон овој проблем? Кога прв пат на глас ќе проговорам за ова и како ќе звучи тоа? Дали некогаш ќе се помирам со ова? Со години не знаев да ги одговорам овие прашања и како што поминуваше времето, така ја согледував аспектите од комплексноста на оваа проблематика. Од оваа перспектива гледам дека сите овие години всушност сум МОРАЛА сама да поминам низ пеколното искушение на себеприфаќањето или поточно прифаќањето на моето тело и мојата – да речеме – судбина (во таква една смисла). Ми требаа многу години за да можам да напишам – во ред, јас не можам да родам, не можам да имам деца. Дури и сега паузирам, и ја чувствувам таа кнедла на тишината во грлото. Всушност, најголемиот страв е кога се чувствуваш сам/а. И кога реално нема никој што те разбира и со кој можеш да направиш искрен муабет, да се утешиш, да размениш за болката, да слушнеш, да се исплачеш на раат. Не познавав никој со слична или иста ситуација а и никој не ни знаеше за мојата. Знаеја моите блиски пријателки, дел од некои роднини. Ова го држев многу време, па сакам сега многу експлицитно да објаснам и појаснам низ што точно поминував, а зошто – ќе поентирам на крај, се надевам ќе имате разбирање.

За сексот
Имав убави младешки години – искачања, големи друштва, дружби, креирање, бунтување – се’ што и следува и прилега на незапирливата живост и енергија на младоста.

Сведоштвото во целост прочитајте го на медуза

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести