Мој Емануел

Мој Емануел
18.10.19   18:49

Прочитано : 2,771

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Не може нам да ни биде здодевно. Во Македонија е забранета досада. Барем малку раат да видиме. Замислете да го добиевме датумот за почеток на преговорите со ЕУ. Замислете Франција да не ни ставеше вето, како што до вчера ни удираше вето Грција. Француското вето овојпат се вика „методологија“. Замислете да излезевме од овој тунел на чекање датуми, извештаи за напредок, министерски состаноци, самити, средби, препораки, вечери, пред вечерата, по вечерата… Замислете да добиевме конкретна задача и да почневме да работиме, едно по едно…

Арно ама, таа шанса пропадна. И тоа овојпат – не по наша вина. Па, ќе имаме уште драма во нашите досадни животи. Сега ќе го чекаме мај. И Самитот на ЕУ во Загреб. Е ако, де. Ене го кај е мај. Уште само седум месеци забава во Македонија.

Само, не можам да се опуштам и да се забавувам. Ме мачи дека француското вето 2019 ќе има ист ефект како грчкото вето 2008 – криминализација на државата. Сигурно не сте заборавиле дека во 2008 по ветото за НАТО во Букурешт, Никола Груевски сфати дека странците нема да имаат образ да му најдат било каква забелешка што и да направи. И, тој ја грабна државата и ја зароби. Се плашам истото да не се случи и сега. Владејачката партија пак да не ја зароби државата.

А муабетите дека сега, кога ЕУ нѐ откачи, ќе требало сами да си се средиме, чувајте си ги за по слави.

Сето ова губи смисла, особено кога ќе го чуеш дури и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск како кажува „лично чувствувам срам“ и дека „Македонија и Албанија го положија испитот, но не и Унијата“. И на што ќе се надеваме во мај, ако имаме избори, како што бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски? Со стоте дена техничка Влада и уште двата месеца до формирањето нова влада, нема шанси ни за реформи, ни за „повторно навраќање“, ни за датум.

Евентуално, до мај ќе има шанса уште еднаш да се нападне Собранието. Оти нели, Мицкоски веќе се закани дека „почнува последна пресметка“. Да не им остана нешто од тие качулките од „Дион“ што ги раздаваа за нападот? Или ќе ги активираат тројките од 2009, кога со финална пресметка се закануваше и Никола Груевски во илинденскиот говор на Мачкин Камен?

Целата колумна на СДК на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести