Мицковски: Владата сака да го заобиколи народот

Мицковски: Владата сака да го заобиколи народот
11.10.18   18:45

Прочитано : 752

Print This Article

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во честитка по повод 11 Октомври – Денот на востанието, истакна дека овој ден претставува празникот кога не само што се слави идејата за борба, туку и победата која потоа дојде и беше констатирана преку удирањето на темелите на АСНОМСКА Македонија.

„Но, ако немаше борба, тогаш немаше да има и победа. Затоа и денес ги славиме и делата и борбата на Панко Брашнаров, Петре Пирузе, Ибе Паликуќа, Коста Солев Рацин, Михајло Апостолски, Николов, Прке, Вера Ацева, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски Питу и плејада други борци за слобода и правда. И секако тука е и делото на првиот Претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто кој велеше „мојот син нема да расте во беэимена држава, каде татко му бил жив и эдрав и со прст не мрднал да си го одбрани основното човечко достоинство“, вели Мицковски.

Според него, Макeдонија денес се соочува со сериозни предизвици, кои наметнаа времиња на сериозни искушенија, кои, истакнува тој, пак многу јасно овозможуваат да се разграничи кој за што се залага и кој и за што се бори.

„Нашата борба денес е Република Македонија, а нашиот предизвик е да ја сочуваме, заштитиме од неодговорните политичари кои одново ја донесоа земјава во нова криза.
Оваа криза не е само политичка, туку е и економска, општествена, криза на недостаток на морал, етика, недостаток на демократија. Државата пополека ја губи народот, затоа што имаме влада која не ја почитува неговата волја, која е јасна, недвосмислена и многу гласна“, посочува лидерот на ДПМНЕ.

Тој порачува дека Македонија не треба да се претвори во место каде, според него, граѓаните ќе бидат заобиколени, каде нивното мислење погазено, каде се испорачува неправда, каде прогонот станува основното средство за дисциплинирање на оние кои мислат различно…

  Категории: