Мицкоски пред Влада: Не ја избегнувам темата за името, туку таа ме боли и пече

Мицкоски пред Влада: Не ја избегнувам темата за името, туку таа ме боли и пече
5.12.18   18:42

Прочитано : 566

Print This Article

На протестот пред Владата организиран од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека не е точно дека тој ја избгегнува темата за промената на името, туку таа го болела.

-Доста е, ќе ве победиме, и тоа жестоко на следните претседателски избори. Почит, радост и безбедност и чест по нашите улици. Да има благосостојба. Го замолувам секој граѓанин да покаже лојалност кон државата, а од државата да очекува пристоен живот. Ви ветувам сонот на секој граѓанин во овој пат до конечен триумф, е да ги гледа своите луѓе среќни. Но, луѓето стануваат се поразочарани бидејќи гледаат дека оваа власт не може да им понуди поквалитетен живот. Доста е веќе, немаме време да ве чекаме. Веднаш да заминете, а првиот знак ќе бидат претседателските избори. Секој ден влијаат врз луѓето дека прават нешто со тоа што нарачуваат вести. Го узурпираат јавниот простор, ќе сретенете армадила на гласноговорници кои се платени со народни пари кои ќе ве убедуваат дека поразот не е пораз, туку триумф, ќе плукаа по мене и по опозицијата. А, не гледаат дека народот си оди. Ме оцрнуваат мене, а слепи се на сите тендер кои се местат. И додека тоа се случува без ронка срам, без око да им трепне ја прекрстуваат нашата земја. Овој народ нема никогаш тоа да го прифатат и тоа го покажаа на референдумот. Тргнавте да го прекрстите нашиот народ и тоа не ви беше доволно, па го крститвте нација со комплекси. Не сме господине Димитров, ние сме нација со чест и достоинство и ти ветувам дека јавно ќе се извиниш. Не ја избегнувам темата за името, туку таа ме боли и пече. Не сум јас безимен, ниту овој народ. Ова е македонски народ, рече Мицкоски.

  Категории: