Мицкоски ќе го праша народот

Мицкоски ќе го праша народот
21.08.18   20:07

Прочитано : 1,850

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бил презафатен и работел наголемо на размена на мислења во врска со референдумот. Како народна партија силата ја црпеле од народот, па така во преостанатите денови на неговата медитација проткаена со напорно ангажирање ќе го искристализира ставот на партијата во зависност од тоа што ќе му каже народот. На 10 септември, вели, по консултациите ќе го соопшти својот став кој сигурно нема да биде никакво изненадување бидејќи сите го знаат: Ние сме за ЕУ и за НАТО ама ќе почекаме подобри времиња, уште некоја деценија додека не направиме подобар договор со Грците. Подобро никаков отколку лош договор. Прекрасно кажано, без никакви изгледи ова генијално откритие да се смени до 10 септември и кај Мицкоски и кај неговиот народ.

Премиерот Зоран Заев со својот тим ја подготвува наголемо кампањата за иднината на „наша“ Македонија, за да не биде „небиднина.“ Сè уште траат размислите колку пари треба да се потрошат за да дознае наша Македонија во која насока да тргне, напред, назад, или никаде. Не знам дали Заев и партнерите повеќе размислуваат колку е цената на иднината или како луѓето да се уверат со факти и докази во иднината која нема цена. Очигледно дека нема да бидат доволни ветувањата и аргументите на голем број јавни личности од светот кои ги предупредуваат граѓаните и политичарите во Македонија да не ја испуштат последната шанса. Треба нешто поопипливо, поконкретно кое ќе го препознаат граѓаните.

Целата колумна на „Независен“ на следниот линк.

  Категории: