Мицкоски бара двобој за нови делби

Мицкоски бара двобој за нови делби
15.09.18   10:50

Прочитано : 1,249

Print This Article

(…)

Од кои било од наведените причини, ако Македонија не ја оствари историската шанса за влез во Европа и членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе носат голема одговорност дека во пресуден момент застанале и против државните и против партиските интереси.

Тоа нема да биде ништо ново за оваа политичка партија, нејзиниот претходен лидер во претходните 11 години пред промената на власта тоа го правеше многу успешно, држејќи ја Македонија понастрана од Европа и НАТО, наоѓајќи оправдувања во лажниот патриотизам и наводното спасување на идентитетот на македонскиот народ. Овој пат нема простор за оправдувања, станува очигледна трагичната погрешна калкулантска политика под силен притисок на губитниците од судските сали. Јавноста сè повеќе ги препознава не само лажните идентитетски и патриотски пораки, туку пред сè, значењето да не се испушти најголемата шанса во новата историја на независна Македонија и особено што членството во ЕУ и НАТО не се празни ветувања на бриселските бирократи, туку на највисоките европски функционери и државници. Пошироката јавност во Македонија деновиве ги осознава вистинските европски вредности и придобивките што ќе ги имаат граѓаните на Македонија. Пред налетот на вистината тонат долгогодишните пропаганди за НАТО како злосторничка организација и ЕУ како себична вавилонска ороспија која само што не се распаднала. Во тоа веќе не веруваат ни најтврдокорните пропагандисти. Историската оправданост Македонија да стане европска земја како и сите балкански држави ќе однесе голема победа на референдумот.

Kолумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука

  Категории: