Митинг на ДУИ во Дебар: Победа на Пендаровски и Дука

Митинг на ДУИ во Дебар: Победа на Пендаровски и Дука
18.04.19   23:33

Прочитано : 311

Print This Article

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во Дебар на митингот на оваа партија кој се одржа на плоштадот „Скендрбег“ истакна дека очекува победа на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија и Хекуран Дука за градоначалник на општина Дебар.

„Дебар треба да го подржи концептот кој оди напред“, рече Ахмети и додаде дека за кандидатот на ДУИ за градоначалник следи и силна подршка на колицијата ДУИ – СДСМ.

,,На овие избори во земјата треба да се даде целосна подршка и легитимитет на концептот за консенсуална демоктратија кој носи само напред а тоа е кандидатот на претседател Стево Пендаровски. Со овој концепт добиваме подобра иднина на државата и за нашите деца ,, нагласи потпретседателот на ДУИ Бујар Османи.

На митингот претседателот на СДСМ –Дебар Азем Фејзоски истакна дека во Дебар се очекува двојна победа на колицијата. Колицијата има силна подршка кај гласачите и очекуваме кандидатот за претседател Стево Пендарвоски и кандидатот за градоначалник Хекуран Дука да бидат победници на изборите на 21 април.

Кандидатот за градоначалник на Дебар, Хекуран Дука рече дека верува дека својата програма за општина Дебар ќе ја реализира во целост. Тој вети дека ќе бидат надминати сите проблеми кои се присутни и тоа надминување на проблемите со депонијата , водоснабдувањето во летниот период како и реализација на голем број на проекти во сферата на инфраструктурата.

К. Мимидиноски

  Категории: