Министерството за култура грантирало здруженија блиски до БЕСА и партиски функционери!

Министерството за култура грантирало здруженија блиски до БЕСА и партиски функционери!
18.02.19   00:05

Прочитано : 733

Print This Article

Распределбата на буџетски пари преку годинашната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес во културата ја скандализираше јавноста, од причина што голем дел од парите завршија кај нови и анонимни субјекти, додека истовремено беа укинати средствата за бројни традиционални фестивали и манифестации. Арно ама, оваа распределба на јавни средства станува уште поконтроверзна и сомнителна кога ќе се земат предвид информациите дека дел од парите доделени преку министерството раководено од Асаф Адеми од БЕСА ги добиле невладини организации и физички лица кои можат да се поврзат со партијата.

Според податоците што ги обезбеди и потврди „Фокус“, меѓу грантистите на конкурсите во областа на културата може да се сретнат граѓански здруженија, чии сегашни или поранешни управители биле дел од органите на БЕСА, или, пак, се јавуваат како донатори на партијата. Но, јавни пари добиле и двајца функционери на БЕСА, од кои едниот беше кандидат за градоначалник од редовите на оваа партија, исто како и актуелниот министер за култура Адеми, кој на локалните избори се натпреваруваше за градската фотелја во Гостивар. Заеднички именител за сите нив е тоа што во рамките на внатрепартискиот конфликт ја зазедоа страната која подоцна за нов лидер го избраАфрим Гаши и се пресели од опозиција во власта.

Од официјалните податоци што ги објави Министерството за култура може да се констатира дека еден од добитниците на средства во категоријата за издавачка дејност и литература е културното здружение „Визиони М“, кое добило средства за три проекти во вкупна вредност од 350.000 денари. Притоа, еден од проектите се однесува за делото насловено „Не се откажувај“, за кое здружението барало 153.000 денари, но надлежната комисија во ресорното министерство му одобрила 50.000 денари. Понатаму, невладината организација побарала над еден милион денари за друг проект под наслов „Клуб на читање – Куманово“, меѓутоа и биле одобрени 100.000 денари.

Исто така, „Визиони М“, преку неговата подружница „МКШ Принт“, побарало 4.632.000 денари за издавање 12 броја на списанието „Шења“, ама и биле одобрени 200.000 денари. За потсетување, културното здружение речиси истовремено бараше и државни субвенции за „Шења“ во рамки на проектот за поддршка на печатените медиуми, меѓутоа владата го одби неговото барање поради тоа што не ги исполнило критериумите. Колку за информација, ова списание своевремено го уредуваше Гаши, кој по формирањето на БЕСА стана генерален секретар на партијата, а по внатрепартискиот раскол што настана по локалните избори во 2017 година стана лидер на една од двете фракции на поделената партија.

повеќе

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести