Министерство за правда: Заради почитување на принципите на немешање во судската власт, Дескоска нема да учествува на маршот

Министерство за правда: Заради почитување на принципите на немешање во судската власт, Дескоска нема да учествува на маршот

Министерката за правда, Рената Дескоска, нема да учествува на маршот „Чекориме за правда“ што денеска околу 18 часот почна пред Собранието, а го организира партијата СДСМ. Маршот треба да заврши пред комплексот на судови околу 20 часот.

– Ги поддржуваме граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, Ве информираме дека министерката за правда нема да учествува на денешниот марш – информирааа од Министерството за правда.