Министерот Чулев пишува оставка од техничката влада?!

Министерот Чулев пишува оставка од техничката влада?!

Техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев, според извори на Либертас, утре најверојатно ќе ја конвертирал неговата оставка во кабинетот на техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Извори блиски до Чулев велат дека одлуката за оставката веќе била донесена а во текот на утрешниот ден ќе била и објавена.

Чулев како причини ќе наведе дека се солидаризира со разрешената министерка Рашела Мизрахи која беше разрешена од ресорот Труд и социјала на барање на техничкиот премиер Спасовски заради непочитување на уставното име на државата.

Владата денеска по втор пат ги поништи кадровските решенија на министерот Чулев кои, како што известија, немал право да ги донесе без согласност и потпис од дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска.

Дополнето:

Чулев демантира, имало ли притисок да се предомисли за оставката?!