Минатата година се вработиле 3.200 лица во здравството, 1.600 доктори работат со договор на дело

Минатата година се вработиле 3.200 лица во здравството, 1.600 доктори работат со договор на дело
11.07.19   18:30

Прочитано : 141

Print This Article

Само минатата година, обезбедени се 3.200 финансиски согласности за врабоување во јавните здравствени институции во земјава и таа динамика продолжува и оваа година, рече министерот за здравство Венко Филипче. Како што информира тој, со договор на дело работат 1.600 доктори, а сите други се средно медицински персонал.

– Вчера најавивме дека на сите кои се вработени во јавните здравствени установи со договор на дело ќе бидат трансформани, односно ќе добијат договор за работен однос на неопределено време, за што во текот на денешниот ден ќе упатиме известување до сите извори да ни дадат соодветно барање за такво трансформирање на работниот однос. Дополнително, на сите овие мерки за вработување го распишавме огласот за вработување, односно стражирање на шест месеци засега – изјави Филипче.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести