Милошоски: Договор можеби ќе имаше ако Заев не беше толку нервозен за „Рекет“

Милошоски: Договор можеби ќе имаше ако Заев не беше толку нервозен за „Рекет“
11.09.19   10:20

Прочитано : 450

Print This Article

„Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше толку нервозен во врска со предметот „Рекет“, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска, напиша утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил по маратонската лидерска средба.

„Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во „Рекет“ е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, додава Милошоски.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести