Мило, црногорскиот крал

Мило, црногорскиот крал
16.04.18   14:55

Прочитано : 698

Print This Article

Понекогаш ми се чини дека Црногорците навистина пронашле политички времеплов. Тој се вклучува на избори и низ временски вртлог нѐ исфрла во истиот ден. Денот кога победува Мило Ѓукановиќ, коментира Драгослав Дедовиќ.

Изгледа дека постојат три Црни Гори. Една е задоволна од она што го има во џебот и во срцето. Поклониците на оваа Црна Гора знаат дека нивната земја не е баш Монако, но ќе биде. Нивното свето тројство се состои од помпезни поими – ЕУ, НАТО и евро. Генијалноста на нивниот водач се огледа во алхемиско претворање на тие увезени поими во црногорски патриотизам.

Другата Црна Гора никако да достигне до половина излезност на избори. Со празни џебови се, велат, неслободни и со тегобно срце. А во тоа срце сѐ и сешто- од принципите на Француската револуција преку мајор Ѓуришиќ до повикот на мајчица Русија. Кога слушам што велат нејзините оратори, тогаш Црна Гора испаѓа приватна држава на некој злобен и опасен кум. Само никако да ги убедат гласачите да се борат против нечесноста, а не за тоа да станат кумови наместо кумот.

Третата Црна Гора (околу третина од полнолетните граѓани), не излегува на избори. Тие мислат дека не зависи ништо од нив. Со тоа главно ја одржуваат првата Црна Гора на власт.

Понекогаш ми се чини дека Црногорците навистина пронашле политички времеплов. Тој, со ништо предзвикан, се вклучува на избори и, како во филмот Ден на мрмотите – целата земја и сите нас кои посматраме со неверување, низ временски вртлог нѐ исфрла во истиот ден. Денот кога победува Мило Ѓукановиќ. Сите тие три Црни Гори се како по казна заробени во тој временски вртлог.

Кои се претпоставките за излез од овој маѓепсан круг?

Dragoslav Dedovic Kommentarbild AppДрагослав Дедовиќ

Првата Црна Гора, барем некои нејзини делови, мора да достигнат точка од која се гледа дека повторувањето на истото не би претставувало победничка стратегија, туку загуба за Црна Гора. Но, и за нив лично. За нивните деца. Тоа ќе се случи кога партиската машина за вработување ќе почне да се уништува самата себе. А тоа ќе се случи кога антикорупциската пракса, не само флоскулите кои моќно звучат, ќе станат предуслов за приближување кон Брисел. Кога Мило ќе стане пречка на остварувањето на својот европски наратив.

Драгослав Дедовиќ
извор: Дв

loading...
loading...
  Категории: