Милијардери без факултет: Успешни се и моќни, а немаат високо образование

Милијардери без факултет: Успешни се и моќни, а немаат високо образование

19 јули 2019 

Б92

Бил Гејтс и Марк Зукерберг се испишале од Харвард. Дејвид Гефен ислушал само три семестри на факултет.

И Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс се откажале од факултетската диплома.

На листата на Форбс од 400 милијардери – 63 немаат нешто повеќе од средношколска диплома. А, поголемиот дел од нив сами го создале своето богатство.

Како тогаш тие луѓе заработиле толку пари со толку малку формално образование.

Што можеме да научиме од нивните приказни?

Да се испишете или не

Милијардите кои се откажале од факултетот очигледно знаат што прават. Во просек, тие „тежат“ 9,4 милијарди долари. Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат 3,2 милијарди долари.

На списокот на Форбс има повеќе луѓе кои го напуштиле факултетот отколку луѓе со докторат – 63 наспроти 21.

Зошто толку многу милијардери се откажале од факултет?

Повеќето луѓе мислат дека образовниот систем е погрешен, дека високото образование е губење време. Може да звучи логично, но тоа, сепак, не е вистина кога ќе се согледаат бројките.

Во САД, само 2,5 милиони луѓе имаат докторат. А, десетици милиони луѓе се откажаа од факултет. Кога ќе се проучат статистичките податоци, се покажува дека докторатот ги зголемува шансите да станете милијардер.

Освен тоа, поголем број луѓе кои не завршиле факултет не живеат толку добро. Просечната плата им е значително пониска од оние кои имаат барем првостепена диплома од универзитет.

Тајната не е во откажувањето

Значи, тајната на успехот не е само во откажувањето, туку кој се откажува и со какви амбиции.

Луѓето кои без дипломи станале милијардери се посебни, бидејќи имаат нешто што ги прави да бидат успешни и богати.

Милијардерите без факултетски дипломи можеме да ги класифицираме во две групи. Во првата се тие кои се откажале од факултет, бидејќи имале специфичен производ или план за бизнис на кој сакале да му се посветат, бидејќи верувале дека ќе успеат. Јасно знаеле што сакаат и не сакале да ја чекаат дипломата за да го остварат тоа.

Тоа се иновативни луѓе кои точно знаат што ќе направат кога ќе се откажат од факултетот. Марк Зукерберг и Бил Гејтс спаѓаат во таа категорија.

Некои луѓе од првата група веќе заработувале од своите идеи пред да се откажат од факултетот. Мајк Дел продавал компјутерска опрема во вредност од 80.000 долари месечно, пред да се испише од Универзитетот во Тексас.

Визионери и иновативци

Оваа група се потпира на визија и иновативна идеја. Знаат што сакаат, имаат доволно вештини да го реализираат тоа и студирањето им било непотребно.

Во втората група луѓето не се откажале од факултетот за да основаат фирма или да развијат производ веднаш. Нивниот пат е сличен, но сепак различен. Тие работеле профитабилни работи и напредувале до врвот. По неколку години напорна работа, добро процениле кога е време за ризик и ги основале своите компании. И успеале.

Меѓу луѓето од оваа група е Дејвид Гефен, кој работеше десет години на естрадата пред да ја основа Asylum Records.

Ралф Лорен работеше долго во модната индустрија како продавач пред да ги отвори своите продавници за машка облека, која подоцна стана планетарно позната и посакувана.

Основачот на ТВ мрежата Си-Ен-Ен, Тед Тарнер по испишувањето од Универзитетот Браун работел во агенцијата за огласи на неговиот татко. Кога починал татко му, Тед ја преземал работата и ја развивал фирмата. Основал радио станици, а потоа и телевизиски, вклучувајќи ја и Си-Ен-Ен, а го купил и безбол тимот Атланта.

Оваа група се пробиваше до успехот. Сите тие основаа компании со големи потенцијали за развој. Кога собраа доволно искуство, влијание и моќ, направија низа потези кои им се исплатија.

Луѓето од двете групи ги имаат овие карактеристики:

– Имаат јасна визија за иднината

– Знаат што сакаат да работат и во која насока да се развиваат

– Имаат силни работни навики и вистински сакаат успех

– Сакаат работите да ги завршуваат веднаш

– Подготвени се на ризик

– Иновативни се и не поднесуваат статус кво

– Имаат способност за носење добри одлуки

Ралф Лорен пред да продаде 1.200 вратоврски Нејман-Маркус исклучително се трудеше и имаше добри работни навики.

Напорно работеше и Марк Зукерберг за да ја оствари својата визија за Фејсбук, додека Тед Тарнер ја разби статус кво ситуацијата, основајќи ја Си-Ен-Ен, првата телевизиска мрежа која работеше 24 часа.

Момчињата од почетокот на приказната – Бил Гејтс и Стив Џобс исто така мораа да излезат од секојдневието за да успеат/МИА