Миле Јанакиески повторно е пренесен во болница

Миле Јанакиески повторно е пренесен во болница

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска повторно е префрлен во една скопските приватни клиники поради преглед за итна здравствена интервенција, пренесе „А1 он“ повикувајќи се на неговиот адвокат, Александар Новаковски.

Тој вели дека во четвртокот при прегледот на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција.

„По одобрение на судот и затворската управа е пренесен на преглед во приватна клиника“, рче Новаковски за „А1 он“.